Меркел ја повика Европа да развива нови борбени авиони и тенкови

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика државите во Европа да развиваат нови системи за вооружување, вклучувајќи и авиони и тенкови, пренесе српски „Блиц“.

– Во иднина заедно ќе развиваме системи на оружје, вклучувајќи и борбени авиони и тенкови. Германија и Франција во таа смисла се на самиот врв – рече Меркел за време на традиционалното неделно видео-обраќање на нацијата, овојпат по повод 64 години од основањето на Бундсвер (вооружените сили на Сојузна Република Германија).

Според нејзините зборови, судирот во Украина и анексијата на Крим уште едаш го актуелизирале прашањето за одбрана и внатрешната соработка на воените сојузи, особено во НАТО.

Меркел рече дека германската безбедност е осигурана со постоењето на Бундсвер, па така вооружените сили треба да добиваат неопходни финансиски ресурси за својот развој.

Земјите од Западот во повеќе наврати изнесоа тврдења за „руска агресија“ во врска со судирот во Украина и присвојувањето на Крим. Москва отфрли дека е вмешана во судирот во Украина, како и дека спојувањето на Крим следело по референдум кој е одржан во склад со меѓународното право.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот