Меркел: Има многу добра волја, но постои можност да не се договориме во ЕУ

Германската канцеларка Ангела Меркер изјави денеска дека постои можност лидерите на Европската унија да не постигнат договор за пакетот за опоравување на ЕУ, што вклучува седумгодишен заеднички буџет и фонд за обнова од последиците од кризата со Ковид-19

– Има многу добра волја, но исто така и многу ставови. Јас ќе ги вложат сите напори, но постои можност да не се постигне резултат, рече Меркел.

Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ, веќе трет ден по ред, преговараат за новиот буџет на Унијата, кој треба да обезбеди, во еден дел, неповратна помош на земјите-членки за санација на последиците врз економиите предизвикани од вирусот Ковид-19, а друг дел  во форма на кредити.

ЕУ лидерите два дена без договор, самитот продолжува денеска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот