Меркел, иако по вторпат е негативна на тестот за коронавирус, останува во карантин

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Од владата соопштија дека Меркел своите обврски ги извршува од дома.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по вторпат беше негативна на тестот за коронавирус, но лекарите одлучиле таа и натаму да остане во карантин, најмалку до почетокот на следната недела.

Од владата соопштија дека Меркел своите обврски ги извршува од дома.

Во текот на утрешниот ден таа треба да учествува на две видеоконференциски средби: прво со претседателите на држави и влади на земјите од групата Г-20, а потоа и со лидерите на Европската унија.

Тема на двете средби ќе биде борбата против пандемијата од коорнавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот