Меркел и Вучиќ го разгледале прашањето за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина

Вучиќ и Меркел се заложиле за брзо продолжување на дијалогот со цел да се постигне сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

„Германската канцеларка Ангела Меркел ја поздрави подготвеноста на српскиот претседател Александар Вучиќ за почеток на дијалогот за трговски и нецарински бариери, меѓу Србија и Косово, со посредство на ЕУ”, се наведува во заедничкото соопштение до медиумите по повод денешната видео конференција меѓу Меркел и Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Меркел и Вучиќ го разгледале прашањето за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и таксите кои се воведени од страна на Косово за Србија и БиХ.

-Германската канцеларка ја поздравила подготвеноста на Србија да го спроведе Бриселскиот договор за интегрирано управување со административната линија, чиј прв чекор е започнување со работа на станицата „Мердаре”, при што претседателот Вучиќ инсистирал на целосно почитување и спроведување на сите одредби од Бриселскиот договор, се наведува во заедничкото соопштение.

Вучиќ и Меркел се заложиле за брзо продолжување на дијалогот со цел да се постигне сеопфатен договор за целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

-Благодарен сум за германското и Ваше лично внимание и грижа за Србија и на земјите од Западен Балкан, истакнал Вучиќ на видео конференцијата со Меркел.

Тој изјавил дека ќе ги превземе сите неопходни чекори за успешно продолжување на дијалогот и дека „ќе избегнува чекори кои би ги уназадиле односите меѓу Белград и Приштина, со цел да се создаде конструктивна и отворена атмосфера за преговори.”

Како што се наведува во соопштението, Меркел и Вучиќ „детално ги разгледале и предизвиците во сузбивањето на заразната болест Ковид-19:”

Оваа видео конференција меѓу Меркел и Вучиќ се реализира по одлагање на закажаната средба во Берлин, минатат недела, поради пандемијата со коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот