Меркел: И натаму сме на почетокот на пандемијата

Дали Меркел ќе присуствува на самитот на Г7 во САД зависи од развојот на пандемијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека „можеме да бидеме среќни” со постигнувањата во борбата против коронавирусот.

Таа денеска им се заблагодари на граѓаните на Германија и оцени дека контролата над пандемијата е подобра, но истакна дека општеството е сè уште на почетокот на пандемијата.

Меркел сè уште не може да потврди дали ќе биде физички присутна на планираниот самит на Г7 во САД, рече нејзината портпаролка, додавајќи дека тоа ќе зависи од тоа како се развива пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот