Меркел и Мицотакис телефонски разговараа во пресрет на конференцијата во Берлин за Либија

Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Германската канцеларка, од нејзина страна изразила заложба за позициите на ЕУ и додала дека конференцијата во Берлин има за цел да донесе мир и стабилност во Либија и нема да се занимава со прашање поврзани со морските зони во Источниот Медитеран.

Незадоволство за фактот што Грција не е поканета на конференцијата во Берлин и загриженост за ситуацијата во Либија особено по потпишувањето на меморандумите со Турција, кои Грција ги смета за невалидни, изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во телефонскиот разговор што го имал со германската канцеларка Ангела Меркел, според грчки владини извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите извори, Мицотакис ја повикал Меркел и претставниците на ЕУ што ќе учествуваат на конференцијата да ја имплементираат соодветната одлука од последниот самит на унијата.

Германската канцеларка, од нејзина страна изразила заложба за позициите на ЕУ и додала дека конференцијата во Берлин има за цел да донесе мир и стабилност во Либија и нема да се занимава со прашање поврзани со морските зони во Источниот Медитеран.

Меркел, според грчките владини извори, за време на телефонскиот разговор со Мицотакис исто така изразила целосна поддршка на заклучоците од последниот Самит на ЕУ во врска со меморандумот меѓу Либија и Турција и за морските зони.

Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот