Меркел и Мицотакис разговарале за европерспективата на Западен Балкан

Европската перспектива на земјите од Западен Балкан беше една од темите за кои разговараа на денешната средба во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, jави дописничката на МИА од Атина.

На прес-конференцијата по средбата, Мицотакис го повтори неговиот став околу Договорот од Преспа.

– Разговаравме за прашањата на Балканот. Канцеларката ги знае моите размислувања дека Договорот од Преспа е договор со сериозни мани, но мани кои можат да се ублажат преку целокупната европска перспектива на Западен Балкан, рече Мицотакис.

Меркел потврди дека станало збор за Балканот и за европерспективите на земјите од регионот.

-Разговаравме за прашањата за проширување на Европската унија, односно пристапните преговори на Србија, Црна Гора, но и за иднината на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Мислам дека овде констатираме низа заеднички аспекти што се однесуваат на нашите билатерални односи и би можеле да имаме успех, рече Меркел.

Бегалското/мигрантското прашање и почитувањето на договорот ЕУ- Турција, инвестициите во енергетиката, заедничкиот план за зелен развој што ќе биде презентиран на почетокот на следната година и економијата, беа останатите теми за кои разговараа Меркел и Мицотакис на нивната средба во Берлин што траеше нешто повеќе од еден час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот