Меркел и Макрон: Да се поттикнува решавање на отворените прашања по примерот на Северна Македонија

Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Ангела Меркел и Емануел Макеон денеска одржаа заедничка прес-конференција на Самитот во Берлин, на која беа соопштени причините за неговото свикување.

Канцеларката Меркел и Претседателот Макрон, како лидери на двете највлијателни земји членки на ЕУ истакнаа дека Германија и Франција ја делат одговорноста за Западен Балкан и нагласија дека во интерес на двете земји е да го поттикнат позитивниот развој на процесите во регионот, како европски интерес. Како пример дека е тоа можно канцеларката на СР Германија Меркел и Претседателот на Франција Макрон ја истакнаа Република Северна Македонија и Договорот од Преспа со кој беше решен спор со Грција што ги откочи евро-атлантските процеси во земјата и стана модел за решавање на отворени прашања.

Погеднете го видеото од нивната заедничка прес-конференција:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот