Меркел и кога си оди, води!

Канцеларката Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Ангела Меркел можеби се подготвува да се збогува со политиката во првите редови, но многумина низ Европа би ја поддржале да ја преземе водечката улога во ЕУ, се вели во истражувањето објавено во вторникот од тинк -тенк Европскиот совет за надворешни односи (ECFR).
Според хипотетичкиот избор помеѓу Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон кој би бил најсоодветен за „претседател на ЕУ“ јасно мнозинство се одлучи за германската канцеларка, пишува Politico.eu.
Околу 58 проценти од холандските испитаници, 57 проценти од Шпанците и 52 проценти од Португалците и дадоа поддршка на Меркел во оваа фантастична трка, наспроти 6 проценти, 9 проценти и 11 проценти соодветно во корист на Макрон.

Само Бугарите беа ладни кон Меркел, со 31 отсто поддршка за германската канцеларка, но и само 12 проценти од анкетираните Бугари го поддржаа Макрон.

Голем скептицизам искажале испитаниците во однос на тоа дали Германија по заминувањето на Меркел ќе ја брани надворешната политика на ЕУ.

Само 17 проценти сметаат дека Германија може ефикасно да ги брани европските интереси во односите со Кина, 20 проценти во односите со ,Русија и 25 проценти во однос на САД Испитаниците од Франција, Полска, Италија и Бугарија беа најкритични за геополитичката позиција на Берлин.

Во меѓувреме, во Германија, 52 проценти од анкетираните изјавиле дека „златното доба“ на земјата поминало, што покажува дека следниот канцелар има многу работа да заврши по изборите на 26 септември.

ECFR анкетираше помеѓу 1.000 и 3.100 гласачи во Австрија, Бугарија, Данска, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска во мај и јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот