Меркел: Граѓаните да бидат трпеливи, се гледа светлината на крајот на тунелот

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика денеска граѓаните да останат трпеливи заради ограничувањата кои се на сила за спречување на ширењето на коронавирусот, оценувајќи дека со вакцините ќе дојде и „светлината на крајот на тунелот“.

Во говор во германскиот парламент, Бундестаг, еден ден после договорот со шефовите на владите на сојузните покраини мерките да бидат продолжени најмалку до 20 декември, Меркел рекла дека тоа е нужно за да се осигура дека болниците нема да бидат преоптеретени, пренесува сајтот Слободна Европа.

„Во борбата против пандемијата не се работи за здравје или економија, здравје или образование, здравје или култура, здравствени или социјални контакти, туку за сите тие работи заедно“, рекла Меркел.

Германија на втори ноември забрани да работат угостителските објекти, културните институции и теретаните, додека училиштата, продавниците и фризерските салони останаа отворени.

Тие мерки би требало да се на сила четири недели, но германската канцеларка и гувернерите во среда вечерта се договорија да ги продолжат до 20 декември.

Целта е бројката на новозаразени во секој регион на земјата на неделно ниво да биде под 50 на 100.000 жители, а сега има по 140.

Канцеларката Меркел рекла дека граѓаните имаат причини да бидат оптимистични заради вакцините кои веројатно ќе бидат одобрени пред Божиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот