Меркел го прогласи Путин за победник на самитот на „нормандиската четворка“

Фото: EPA-EFE/CHARLES PLATIAU

Германската канцеларка Ангела Меркел го нарече рускиот лидер Владимир Путин за победник на самитот „нормандиска четворка“ во Париз, пишува „Комерсант“.

– Денес ти победи – ги цитира „Комерсант“ зборовите на Меркел упатени кон Путин, а пренесува „Спутник“.

Наводно Меркел оваа фраза ја соопштила додека оделе кон прес-конференцијата. Како што наведуваат новинарите, заклучокот на канцеларката бил изнесен „без посебна радост“.

Во целина, канцеларката беше задоволна со резултатите од состанокот. Како што изјави Меркел за „Süddeutsche Zeitung“, работите „се придвижиле од мртвата точка“.

За потсетување, на 9 декември се одржа самитот на „нормандиската четворка“, каде учествуваа лидерите Владимир Путин, Ангела Меркел, Емануел Макрон и Владимир Зеленски, лидерите не Русија, Германија, Франција и Украина. По овој самит, се одржа и состанок меѓу претседателите на Русија и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот