Меркел ги повика Германците да ги почитуваат дополнителните рестрикции против ковид-19 

меркел
Ангела Меркел/ Фото: EPA-EFE/Andreas Gora / POOL

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги повика Германците да ги прифатат ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот што стапи на сила на полноќ, вклучувајќи го и ноќниот полициски час, од 22 до 5 часот наутро, дополнителните ограничувања на личните контакти и пристапот до продавниците што не се неопходни во областите со висока стапка на инфекции.

Во своето неделно обраќање Меркел призна дека новите мерки се „тешки”, но истакна дека е потребно да се запре ширењето на вирусот во земјата.

Германската Агенција за контрола на болестите вчера соопшти за 23.392 нови инфекции и 286 смртни случаи од коронавирус. Од почетокот на пандемијата, во Германија се регистрирани речиси 3,3 милиони случаи на инфекција и 81.444 смртни случаи.

Меркел кажа дека новите мерки, што автоматски стапуваат на сила во регионите каде има повеќе од 100 пријавени случаи на 100.000 жители неделно, и се „итно потребни” на земјата.

Цитирајќи други земји, како Велика Британија, Португалија и Ирска, кои забележаа голем пад на бројот на заразени за време на строгиот карантин, таа застана во одбрана на новите ограничувачки мерки против критичарите кои велат дека се претерани.

– Ниту една земја што успеа да стави крај на третиот бран на пандемијата и потоа повторно да ги ублажи ограничувањата, не успеа без тешки мерки, како што е ноќниот полициски час – рече Меркел.

Десетици познати личности во Германија неделава објавија видеа во кои ги исмеваа ограничувањата и оние кои се залагаат за нив.

Во меѓувреме, некои од нив ги отстранија снимките и се извинија за поддршката на екстремно десничарскиот наратив за пандемијата, па тоа изгледаше како обид да ги намалат страдањата на оние кои ги загубија своите најблиски од коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот