Меркел ги опомени и предупреди Германците: Доаѓа тешка зима!

Ангела Меркел. / Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека претстои тешка зима, две недели откако беше воведено делумно затворање на земјата кое е планирано да трае еден месец за да се сузбие  корона инфекцијата.

-Претстојната зима ќе биде предизвик за сите- рече Меркел во нејзиниот неделен подкаст.

Вирусот ќе продолжи да доминира во нашите животи уште некое време

Во Германија, делумното затворање на земјата се спроведува веќе две недели во борбата против ширењето на коронавирусот.

-Вирусот ќе продолжи да доминира во нашите животи уште некое време- рече Меркел, додавајќи дека ова значи дека луѓето нема да можат да се гледаат како порано.

Нејзините коментари уследија пред закажаниот состанок во понеделник на кој федералните претставници ќе ја проценат ефективноста на делумното затворање на Германија.

Баварскиот премиер Маркус Содер рече дека нема да попушти пред мерките барем до крајот на месецот и не ја исклучи можноста за построги мерки во декември.

-Дали ќе мора да се продолжи (затворање) – можно е, ќе видиме. Дали треба да се направи повеќе, ќе одлучиме за сето тоа- рече Содер.

Граѓаните протестираат против мерките

Во меѓувреме, денеска беа одржани неколку демонстрации против мерките низ целата земја, вклучително и во Карлсруе, Регенсбург и Франкфурт.

Германија во саботата потврди 22.461 нови случаи со коронавирусот, починаа 178 лица, објави Државниот центар за контрола на болести. Вкупно во Германија заразата со ковид-19 е потврдена кај 773.556 лица, додека починати се 12.378.

ВИДЕО+ФОТО: Демонстрантите во Франкфурт растерани со водени топови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот