Меркел: Германија сака Брегзит со договор, но подготвени сме и за сценарио без договор

фото: EPA/Francios Lenoir

Германската канцеларка, Ангела Меркел, денеска изјави дека Германија сака спроведување на Брегзит со договор, меѓутоа дека се подготвени и за сценарио без договор, ако веќе дојде до тоа, јавуваат германските медиуми.

– Знаеме дека деталните предлози денеска ќе бидат претставени, тоа се случува приближно сега, а во секој случај денес во Брисел – рече Меркел.

Канцеларката додаде дека сè уште ништо конкретно не може да каже во овој момент и дека ќе ги разгледаат предлозите на Велика Британија заедно сите 27 земји членки на ЕУ.

– За нас е важно да се држиме заедно. Имаме доверба во Мајкл Барни и ние дополнително ќе расправаме за тоа – заклучи Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот