Меркел е убедена во проевропската ориентација на идната германска влада

Германската канцеларка Ангела Меркел / EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Германската канцеларка Ангела Меркел е убедена дека идната германска влада ќе биде проевропска, јави Бгнес.

Со целосна доверба можам да кажам дека ова ќе биде проевропска влада која ја знае важноста на Европа за мирот и слободата, рече Меркел на заедничката прес-конференција со белгискиот премиер Александар де Кро.

– Ова е важна порака за другите земји-членки на ЕУ, рече таа и додаде дека очекува новата влада да го продолжи на многу начини она што го започна сегашната влада, но ќе има и „нови акценти”.

Социјалдемократите (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП) вчера постигнаа начелен договор за формирање владејачка коалиција во Германија. Според германската телевизија АРД, лидерите на трите партии им препорачале на своите партии официјално да почнат преговори за коалиција, што е чекор поблиску до новата влада, која најверојатно ќе ја предводи Олаф Шолц.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот