Меркел е оптимист пред самитот на НАТО

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е оптимист пред самитот на НАТО, и покрај недоразбирањата меѓу членките за состојбите во Алијансата.

-Разговорите што ги имавме со турскиот претседател покажуваат дека секогаш се добри состаноците на кои можеме да се занимаваме со овие теми, рече Меркел по средбата со претседателите Реџеп Тајип Ердоган и Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, пренесоа британските медиуми.

Покрај сите разлики меѓу членките за кои мораме да разговараме треба да разговараме и за иднината на НАТО и нашите заеднички стратешки интереси. Од состанокот заминувам релативно оптимистична- додаде канцеларката Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот