Меркел е личноста на која најмногу веруваат Германците

DAVOS/SWITZERLAND, 28JAN11 - Angela Merkel, Federal Chancellor of Germany speaks during the session 'Revitalizing Global Trade' at the Annual Meeting 2011 of the World Economic Forum in Davos, Switzerland, January 28, 2011. Copyright by World Economic Forum swiss-image.ch/Photo by Sebastian Derungs

Во првата ранг листа на Форс за годинава Меркел добила 59 од 100 поени и ја задржа својата челна позиција од минатата анкета, пренесе Фена.

Во првата ранг листа на Форс за годинава Меркел добила 59 од 100 поени и ја задржа својата челна позиција од минатата анкета.

Форс редовно го утврдува нивото на доверба кое германските граѓани го покажуваат за своите политичари.

– Големата доверба која ја ужива Ангела Меркел покажува дека таа во јавноста е сметана за некој вид канцелар кој се поставува над партиските и политичките кавги”, изјави Манфред Гуелнер, директор на Форс, давајќи коментар на резултатите од анкетата.

Лидерот на германските Зелени, Роберт Хабек, е втор зад Меркел со 50 поени, забележувајќи пад од еден отсто од претходната анкета, и покрај тоа што беше критикуван во пошироката јавност заради агресивната изјава за американскиоот претседател Доналд Трамп .

Говорот што Трамп го одржа на Светскиот економски форум во Давос, Хабек го нарече „најлошиот говор што го слушнал во својот живот”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот