Mеркел: Другите лидери во регионот треба да ги следат Заев и Ципрас

Ангела Меркел / Фото: EPA-EFE/AIDAN CRAWLEY

Германската канцеларка Ангела Меркел потенцира дека регионот на Западен Балкан има европска перспектива, но и дека претстојат уште многу услови да се исполнат.

– Многу германски граѓани имаат лични односи со луѓето од Западен Балкан, многу луѓе од Западен Балкан живеат во Германија и претставуваат мост меѓу тие држави. Граѓаните од тој регион се наши соседи и нивната перспектива е да станат дел од ЕУ, ако ги исполнат сите услови, изјави Меркел.

Таа вели дека иако воените конфликти од 90-те години се надминати, во тие земји се уште отворени спорови кои треба да се решат. Во својот видео поткаст, објавен денеска по повод претстојниот Самит за Западен Балкан, кој во рамките на Берлинскиот процес ќе биде одржан в петок, во полскиот град Познањ, Меркел објаснува дека целта е да се отворат разговори меѓу земји, преку кои ќе се оствари подобра соработка.

– Денес состојбата во Западен Балкан е мирна, но има предизвици кои треба да решат и потребно е да се исполнат условите за да се подготват земјите за влез во ЕУ. Патот е се уште трнлив, рече Меркел.

Но таа потенцираше дека во регионот постојат позитивни примери на дијалог, посебно потенцирајќи го решавањето на долгогодишниот спор меѓу Скопје и Атина за името.

– Со политичка храброст, премиерите на Северна Македонија Зоран Заев и на Грција Алексис Ципрас успеаја да го решат тој конфликт, и со тоа се отвора перспективата на Северна Македонија за почеток на преговорите со ЕУ и влез на земјата во НАТО.

– Ваквиот позитивен пример треба да биде охрабрување за решавање на проблемите во Босна и Херцеговина, како меѓу Србија и Косово, истакна германската канцеларка.

Што се однесува на претстојната средба, Меркел вели дека секоја година се разговара за еден голем проблем, како што е изградбата на инфраструктурата, и потенцира дека за таа цел ЕУ става на располагање големи финансиски средства. – Мора да ги следиме и процесите на градба на самити автопатишта, железници, улици.. затоа што знаеме дека кога луѓето се ифраструктурно поврзани, тогаш се посетуваат и гледаат почесто. Таа посочува и дека е формирано за соработка на младите од Западен Балкан, потоа се иницира поголема соработка во делот на науката, и посебно меѓу академските работници.

– Истовремено и ќе слушнеме што имаат да кажат земјите од Западен Балкан – нивното искуство и евентуалните поплаки од соработката и ќе видиме како ние, како ЕУ можеме да излеземе пресрет на нивните желби и барања.

Во Познањ на 5 јули ќе биде одржана конференција за Западен Балкан, на која ќе учествува и Меркел, на чија иницијатива во 2014 година беше покренат Берлинскиот процес, со цел да се забрза дијалогот и можноста за соработка меѓу земјите од регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот