Меркел: Дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека дипломатијата е решение за проблемите на ЕУ со Турција во источниот Медитеран.

Доаѓајќи на Самитот на лидерите на ЕУ, таа истакна дека Унијата има голем интерес за развој на конструктивни односи со Турција, и покрај сите проблеми.

– Ние сме партнери во НАТО, зависиме едни од други кога станува збор за управувањето со миграцијата и ги поддржуваме кога станува збор за приемот на голем број мигранти кои се на нивна територија, рече Меркел.

Кога станува збор за односите со Кина, германската канцеларка рече дека фокусот на ЕУ е на прашања во трговијата и инвестициите, климатските промени, човековите права и ситуацијата во Хонг Конг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот