Меркел денеска првпат во посета на Аушвиц со донација од 60 милиони евра

Германската канцеларка Ангела Меркел / Фото Архива на Слободен Печат

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ќе биде во прва посета на Меморијалот Аушвиц-Биркенау, откако таа ја презеде функцијата пред 14 години.

„Аушвиц е музеј, но исто така е најголема гробница во светот… Сеќавањето на тоа е клучот за градење на сегашноста и иднината”, изјави директорот на меморијалот Пјотр Цивински пред посетата на Меркел. Меркел при посетата на Аушвиц ќе биде придружувана од полскиот премиер Матеуш Моравецки и преживеаните луѓе од логорот.

Канцеларката ќе донесе донација во вредност од 60 милиони евра за да помогне во зачувувањето на местото каде што нацистите го изградиле најголемиот логор на смртта.

Меркел рече дека донацијата, од која половина е обезбедена од сојузната влада, а другата од регионалните влади, ќе го зачува Меморијалот. Во логорот живот загубија повеќе од милион луѓе. Црвената армија го ослободи логорот Аушвиц на 27 април 1945 година, а таму затекна околу 7.000 затвореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот