Меркел денеска ќе ја добие наградата на ОН за справувањето со миграциската криза од 2015 година

меркел
Ангела Меркел/ Фото: EPA-EFE/Andreas Gora / POOL

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел денеска ќе ја добие престижната награда од Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации, поради начинот на кој нејзината земја прими над 1,2 милиони бегалци и баратели на азил во 2015 и 2016 година, јави ДПА.

– Ангела Меркел покажа голема морална и политичка храброст со тоа што помогна над еден милион бегалци да преживеат и закрепнат, изјави високиот комесар за бегалци Филипо Гранди за наградата за бегалци Нансен.

Според него, Меркел покажа што може да се постигне кога политичарите дејствуваат поддржувачки и работат на решенија за светските предизвици, наместо само да ја префрлат одговорноста на некој друг.

Летото 2015 година, Меркел ги отвори границите на нејзината земја и на Германците им се обрати со популарното „Wir schaffen das”, што во превод значи „Ние можеме да го сториме ова”, пречекувајќи ги бегалците кои бегаа од воено-опустошената Сирија, како и од други земји, а меѓу нив Ирак, Авганистан и Еритреја.

Наградата за бегалци Нансен, што УНХЦР ја доделува секоја година, е во вредност од 150.000 долари. Таа го носи името на Фридјоф Нансен, норвешки поларен истражувач и хуманитарец кој ја добил Нобеловата награда за мир во 1922 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот