Меркел дефинитивно рече збогум: Најмоќната жена во Европа сепак заминува во пензија

фото: EPA/Francios Lenoir

Федералните избори во Германија ќе се одржат следната година.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повтори дека останува на одлуката да не се кандидира за петти мандат на чело на владата на најголемата европска економија.

Меркел во интервју за ЗДФ, одговарајќи на прашањето дали е во искушение да ја преиспита таа одлука во контекст на пандемијата на коронавирусот, рече: „Не, апсолутно не“.

Таа додала дека е „цврсто решена“ дека ова ќе биде нејзиниот последен мандат.

Меркел (65) ужива голема популарност во земјата, а според последните анкети на телевизијата АРД, дури 71 процент од испитаниците се задоволни од нејзината работа за време на пандемијата со вирусот ковид-19.

Владејачката Христијанско демократска унија (ЦДУ) треба да избере нов лидер до крајот на 2020 година, кој би бил кандидат за функцијата канцелар на федералните избори следната година.

Иако е родена во Хамбург, детството и младоста Меркел ги минува во тогашна Источна Германија, каде нејзиниот татко- лутерански свештеник, добива служба. Во 1986 докторира на квантна физика, а сѐ до 1989 година работи како научен истражувач.

Во политиката се вклучува за време на револуцијата во 1989 година, а кусо подоцна станува портпарол на првата демократска влада на Источна Германија. Станува министер за жени и млади во владата на Хелмут Кол во 1991 година. Досега мина четири мандати на чело на германската влада, како прва жена канцелар на Германија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот