Меркел бара хуманитарно примирје во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан

Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска повика на хуманитарно примирје во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за повредените војници да можат да бидат евакуирани од бојното поле.

Во денешниот телефонски разговор со ерменскиот премиер Никола Пашињан, Меркел разговараше за тековниот конфликт, објави портпаролката на германската влада Улрике Демер.

Канцеларката изразила загриженост во врска со судирите и зголемениот број жртви.

Таа подвлекла дека сите страни треба веднаш да ги запрат вооружените дејствија и да започнат преговори. Во тој контекст Меркел вели дека ја поддржува изјавата на копретседавачите на Минската група при ОБСЕ од 1 октомври.

ТЕНЗИИТЕ СЕ ЗАСИЛУВААТ: Гранатиран главниот град на Нагорно Карабах (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот