15 C
Скопје

Меркел бара дијалогот со Русија да продолжи

Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека е потребно да продолжи дијалогот со Русија, и покрај постојните разлики во односите со таа земја.

Канцеларката Меркел ова го нагласи преку видео конференција во обраќањето за време на пролетната сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

– Треба да разговараме едни со други, потенцира канцеларката, додавајќи дека во моментов има „многу конфликти што ги комплицираат односите” со Русија.

– Во случајот на Украина и анексијата на Крим, Германија и Франција го создадоа форматот Минск како долгогодишен механизам во кој ги поддржуваме украинските интереси, нагласи канцеларката.

Според неа, ситуацијата во источна Украина е многу тензична, особено по распоредувањето руски сили на украинската граница.

– Треба да го продолжиме дијалогот, изјави Меркел.

Поврзани вести

Демократите победија на изборите во Херцег Нови, партијата на Ѓукановиќ доби само 6 места

Слободен печат

ВИДЕО | Необично грабнување во Татарстан: Украле авион, се урнаа неколку минути по полетувањето и загинаа

Слободен печат

ВИДЕО: Шпанците излегоа на улиците за да го прослават укинувањето на карантинот – шест месеци беа заклучени

Слободен печат

Медиумски фонд, со пари од медицинскиот канабис!

Љубиша Николовски

ВИДЕО: Непоканет гостин му ја украде славата на министерот додека даваше изјава

Слободен печат

Индија мака мачи со пандемијата, регрутира поранешен воен медицински персонал

Слободен печат

Остави Коментар