Мерката викенд без ДДВ кон крајот на август, право ќе имаат само граѓаните што скенираат сметки

Со ваквата мерка се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе треба да се слеат во македонското стопанство.

Од владата денеска со дообјаснување за третиот пакет економски мерки. Владиниот економски советник Фатмир Битиќи појасни дека една од најавените мерки „Викенд без ДДВ“ ќе се спроведува кон крајот на август или почетокот на септември.

„Во суштина очекуваме епидемијата да спласне и да се креираат услови за непречено функционирање. Тоа ќе биде поголем поврат на ДДВ преку сегашното софтверско решение на УЈП. Само корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“ ќе може да учествуваат. Злоупотребата ќе биде минимална“, рече Битиќи.

Со ваквата мерка се очекува дополнителен приход од 20 милиони евра кои ќе треба да се слеат во македонското стопанство.

Според него, со „Викенд без ДДВ“ планот е да се поттикне потрошувачка и раст на приходи во одредени продажни сектори, како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги.

Во поглед на платежните картички и ваучерите, Битиќи вели дека во наредните две до три недели ќе биде објавен јавен повик до граѓаните и ќе биде познате како лицата кои имаат право на оваа мерка ќе може да аплицираат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот