Мерил Стрип во главниот одбор за Мет Гала!

Фотографија: Profimedia

Мерил Стрип, Лин-Мануел Миринда и Ема Стоун се одбрани да бидат во одлучувачкиот одбор наредната Мет Гала, пишува people.com.

Metropolitan Museum Of Art во мај 2020 година, слави 150 години, а познатото хуманитарно и модно случување се одржува под темата „About Time: Fashion and Duration“.

Медиумите истакнуваат дека оскаровката до сега не била дел од оваа посебна вечера, а со актерското трио во одборот се наоѓаат и Николас Гескваер и Ана Винтур.

Потсетуваме дека Хери Стајлс, Ријана, Амал Клуни, Серена Вилијамс, Кејт Бланшет и Никол Кидман се некој од претходните познати имиња во составот на одборот.

Ендру Болтон од музејот во Њујорк откри дека инспирацијата за изложбата дошла од романот „Орландо“ од авторката Вирџинија Вулф, како и филмската адаптација на режисерката Сели Потер од 1992 година.

Изложбата ќе биде отворена до почетокот на септември 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот