Мерцедес се вклучи во борбата против расизмот: „Сребрената стрела“ стана црна

EPA-EFE/MARK RALSTON

Германскиот Ф1 тим денеска го претстави новиот дизајн на болидот за претстојната сезона и наместо препознатливата сива боја, тој ќе биде црн.

„Сребрената стрела“ во новата сезона во која Луис Хамилтон ќе ја брани титулата и воедно ќе атакува на седмиот шампионски пехар, ќе биде „црна“. Како што објавија од Мерцедес тоа е нивниот начин на борбата против расизмот.

„Кога Ф1 шампионатот ќе започне со трката во Австрија тоа ќе се случи во свет кој драстично се промени од почетокот на март. Во последните пет недели движењето „Black Lives Matter“ покажа дека е потребно да воведеме нови мерки и започнеме акција во борбата против расизмот и сите облици на дискриминација. Во 2020 година одлучивме да се тркаме со целосно црни болиди за да испратиме јасна порака дека се противиме на расизмот и сите облици на дискриминација. Пораката „Да заврши расизмот“ ќе се наоѓа на двата болида“, стои во соопштението на Мерцедес.

Сезоната во Формула 1 шампионатот ќе започне наредниот викенд со трката во Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот