МЕРЦЕДЕС, ОПЕЛ, ПЕЖО, АУДИ… Изборот на колата го открива вашиот карактер

Психолозите тврдат дека карактерот на мажите може да се дознае според тоа каква кола сакаат да возат. Според многубројните истражувања, прочитајте што „кажуваат“ колите за своите сопственици.

„БМВ“, возат мажите кои сакаат да се експонираат, уживаат во луксузот, го ценат хедонизмот и добриот стил, ги следат своите убедувања и не се откажуваат.

„Мерцедес“ возат самоуверените мажи, индивидуалистите и доминантните типови кои ги ценат комфорот и безбедноста.

Ако покрај вас на автопат прелета „Ауди“, бидете сигурни дека зад воланот е самоуверен маж кој секогаш гледа напред. Тој не е сентиментален, минатото не го оптоварува, сака да биде прв и успева во тоа. Но внимавајте, „Ауди“ возат харизматични мажи кои лесно можат да ви го скршат срцето.

Јагуар“ сакаат мажите кои умеат да уживаат во убавината. Сепак истражувањата покажуваат дека секој четврти сопственик на „јагуар“ е во долгови.

Волво“ возат луѓе со тежок и понекогаш непријатен карактер, понекогаш и агресивни. Можеби не се гледа на прв поглед, но ваква кола бираат ладни луѓе кои сакаат да имаат имиџ на семејни луѓе. Често најмногу емоции имаат кон своето возило, па тешко ги поднесуваат оштетувањата и дефектите.

Возачите на „Порше“ физички се многу атрактивни. Нивниот автомобил личи на нив – згоден е, секси и заводлив. Сепак, често се арогантни и по малку нестабилни. Сакаат да бидат сами во своите автомобили и за разлика од другите возачи на скапоцени автомобили кои сакаат покрај нив да седи атрактивна жена, ретко кога имаат совозач. Едно истражување покажало дека возачите на Порше немаат спектакуларен сексуален живот. Најмногу време во спалната соба поминуваат возачите на „Рено“. Стручњаците го објаснуваат ова поради фактот што возачи на овој француски автомобил главно се млади жени.

Опел“ возат главно семејни луѓе кои не сакаат изненадувања, не се подготвени да ризикуваат, по малку се мрзеливи и недокажани. Подобро би живееле без промени и потреси дури и кога ситуацијата не им одговара. Се плашат од конфликт, но не и да истакнат колку се паметни и убави. Ни сопстениците на „Форд“ не се многу интересни, ако може да им се верува на психолозите. Не се активни, често имаат прекумерна тежина, срамежливи се и повлечени.

Возачите на „Фолксваген“ не добиле оценка, бидејќи истражувањата покажуваат дека тоа е автомобил за секого, па го возат и богати и сиромашни, и убави и грди, и оние кои го сакаат Моцарт и љубителите на народна музика. Единствено што им е заедничко е дека не сакаат да се истакнуваат. Ни со колата ни со себе.

Пежо“ сакаат естетите, но и ситничарите. Тоа се типови со кои никогаш не знаете на што сте. Можат да бидат најдобри на светот, но веќе во следниот момент да направат нешто за што не сте верувале дека се способни.

Сопствениците на скапи автомобили како што се Јагуар, Ферари, Порше, Мерцедес, сакаат да бидат забележани, се трудат да го нагласат својот статус и својата моќ. Тоа се најчесто добро ситуирани луѓе со успешни кариери кои со својот автомобил на околината ѝ порачуваат дека се предводници и лидери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот