МЕПСО излезе со демант за прекинот на електричната екергија

струја

Во интерес на целосно и објективно информирање на јавност, а во врска со информации кои беа лиферувани, а се однесуваат на прекин во снабдувањето со електрична енергија на населби од централното подрачје на Градот Скопје, МЕПСО излезе до демант во кој тврди дека од нивна страна немало утврден дефект.

Во демантот стои, дека МЕПСО во ниту еден момент не го оставил без напојување со електрична енергија приклучното место на кое се поврзува електродистрибутивниот систем  во трансформаторската станица „Скопје 3″.

-Стручните тимови на МЕПСО веднаш излегоа на терен и проверките утврдија дека денеска немало дефект ниту прекин во напојувањето со електрична енергија од трансформаторската станица „Скопје 3″ на која е поврзана електродистрибутивната мрежа- велат во демантот.

Повеќе информации за причините за прекините во снабдувањето со електрична енергија, упатуваат граѓаните да побараат во Операторот на дистрибутивниот систем.

-Објавените информации се погрешни и се пласирани пред да заврши целосната проверка на фактичката состојба со цел утврдување на причините за прекините во снабдувањето со електрична енергија. Овој чин на објавување не е во функција на градење и јакнење на меѓусебна доверба и партнерски односи меѓу компаниите кои оперираат со преносниот и со дистрибутивниот систем. МЕПСО како и секогаш досега ќе остане отворен за соработка со единствена цел непрекинато и сигурно снабдување на сите потрошувачи со квалитетна електрична енергија- велат оттаму.

Тафталиџе и Карпош повторно без струја

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот