МЕПСО: Договорот за набавка на авиобилети е тригодишен рамковен договор

мепсо
МЕПСО АД / Фото: МИА

Од МЕПСО регираа на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Го отфрламе како неосновано и пред се тенденциозно обвинението кое што денеска го објави ВМРО-ДПМНЕ дека АД МЕПСО троши 125 илјади евра за авиобилети. Договорот за набавка на авиобилети е три годишен рамковен договор, потпишан во август оваа година и има важност до 2024 година. Тоа значи дека предмет на плаќање согласно овој рамковен договор ќе бидат патувањата што ќе се реализираат во тек на три години. Во оваа прилика сакаме да и појасниме на партијата ВМРО-ДПМНЕ дека ваков договор за набавка на авио билети не се потпишува затоа што некој решил да шета, туку исклучиво за стручните луѓе од компанијата кои учествуваат на фабрички прием и тестирање на опрема која ќе биде вградена во капиталните инвестиции кои ги изведува нашата компанија од типот на интерконекцијата Македонија-Албанија и реконструкцијата на далекуводите, како и за учество на седниците на комитетите на ЕНТСО-е (Европска мрежа на преносни систем оператори на електрична енергија). Овој вид тестирања на опремата се врши во земјите на производство на опремата  и средствата за реализација на овие патувања се планирани според потребите и инвестициските планови на АД МЕПСО. – велат од компанијата.

ВМРО-ДПМНЕ: Мепсо тоне во долгови, а троши 125 илјади евра за авио билети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот