МЕПСО апелира земјоделците да внимаваат во близина на далноводите

Земјоделците внимателно да ракуваат со земјоделската механизација и со опремата во близина на далноводите од дистрибутивната мрежа, апелира денеска од Штип портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов.

– Системите за распрскување никогаш да не се поставуваат во трасите на далеководите бидејќи се изложуваат на огромен ризик по нивните животи и животите на оние кои се во нивната околина. Затоа ги замолуваме сите земјоделци системите за наводнување никогаш да не ги поставуваат во трасите на далеководите и алуминиските цевки кои што ги користат за наводнување да не ги креваат во височина во далеководните коридори – изјави Стојанов.

Земјоделците по жетвените активности ги палат стрништата. Токму оваа нивна навика ја загрозува доверливоста на електроенергетскиот систем.

Стојанов апелира и риболовците да бидат внимателни при користење на опремата во близина на далеководи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот