Менувањето на Уставот може да почне уште овој месец, најавува Пендаровски

Фото: Трилинг / ТВ24 / принтскрин

„Ако скратувањето на мојот мандат од неколку месеци и помогне на државата да напредува во демократијата или интеграциите, уште денеска ќе поднесам оставка, рече претседателот Стево Пендаровски во гостувањето во „Трилинг“ на телевизијата „24“.

Тој рече дека постапката за промена на Уставот треба да почне „овој или најдоцна идниот месец“, а единствен начин за да се дојде до потребните две третини од вкупниот број пратеници, според Пендаровски, е дебата со опозицијата.

-Јас би преферирал постапката за промена на Уставот да почне овој или најдоцна другиот месец и да заврши пред август, кога се колективните одмори на државните органи, пред се на Парламентот, зашто потоа полека влегуваме во предизборна атмосфера и атмосферата може да биде само полоша. Не би сакал да видам друг начин за да дојдеме до две третини и промена на Уставот сега во однос на Бугарите, освен дебата со опозицијата, рече Пендаровски.

Според претседателот, нашата влада го турка овој процес и ќе го истурка до крај, а во државната позиција на Бугарија кон земјава нема никаква промена.

Тој рече и дека предвремените избори „нема да ги решат политичките проблеми во државата“.

-Се плашам дека не само предвремените, туку и редовните парламентарни избори нема да ги решат длабоките политички проблеми зашто тие не се од вчера. Имаме огромна дупка меѓу два па и три политички блока кои со години наназад се гледаат преку нишан. Мислам дека за да се влоши состојбата, многу придонесе 27 април, а и немаше извинувања за тоа што беше сторено, рече шефот на државата.

Пендаровски вели дека за втор мандат би размислував во јануари или февруари догодина, неколку месеци пред изборите, за да види, како што рече, дали ќе има поддршка од политичките партии и што мислат граѓаните за неговата досегашна работа.

-Не би сакал да се туркам ако мојот рејтинг е низок, рече претседателот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот