Ментор Мазрекај е првото засилување на Струга Трим Лум

фото: FC Struga

Ментор Мазрекај е првото официјално засилување на новиот македонски шампион Струга Трим Лум со кој потпиша договор на една година.

Станува збор за фудбалер со големо искуство (190 натпревари во албанската Суперлига, 22 во косовската Суперлига, 12 европски натпревари), кој му се приклучува на тимот доаѓајќи од екипата на Лачи.

Еден добар период Мазрекај работеше под раководство на тренерот Шпетим Дуро во тимот на Лачи, а токму Дуро беше најзаслужен за овој трансфер, признава и самиот играч.

– Овој трансфер дојде на инсистирањето на Шпетим Дуро. Односите што ги имам со него се познати и навистина не можев да го одбијам. Многу сум среќен што ќе бидам дел од екипата на Струга Трим Лум, која минатата сезона испиша историја со тоа што стана шампион на Македонија – вели Мазрекај.

Новото засилување смета дека нема да биде тешко да се прилагоди во Струга Трим Лум.

– Се надевам дека брзо ќе се адаптирам овде. Топлото добредојде уште од првиот ден ме натера да верувам во ова, а верувам и дека со моето искуство ќе му помогнам на клубот најпрво во европските натпреварувања, каде што игравме заедно со Дуро, но и во првенството, каде со епитетот шампион ќе ни биде малку потешко, бидејќи сите екипи ќе нè гледаат поинаку. Сепак, ние сме шампиони и како такви верувам дека во новата сезона ќе играме важна улога во Првата лига – се зборовите на Мазрекај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот