Менталната подготовка за бременост е исклучително важна за мајката

бременост
Фото: Pexels

Советите поврзани за бременоста обично се фокусираат на физичките аспекти како што се земање витамини, конзумирање квалитетна храна, вежбање и слично. Но, истражувањата покажуваат дека подеднакво е важно и ментално да се подготвите за истата, пишува „VeryWellFamily“.

Истражувањето објавено пред десетина години година покажа дека менталната состојба за време на бременоста може да има влијание врз резултатите од породувањето, како и врз менталната состојба во постпарталниот период. Еве неколку начини на кои можете ментално да се подготвите за доаѓањето на вашето бебе.

бременост

Запознајте се со факторите на ризик

Жените кои имаат поголема веројатност да доживеат постпородилна депресија се оние кои веќе се бореле со неа, имаат семејна историја на болести, брачни проблеми, тековни тешкотии во бременоста или несоодветна поддршка.

Бремените жени кои добиваат психолошка помош имаат многу помала веројатност да доживеат постпородилна депресија. Оваа помош вклучува интерперсонална терапија, домашни посети по породување и телефонска поддршка. Некои од најчестите симптоми на постпородилна депресија се неможност за концентрација, чувство на несоодветност, самоубиствени мисли, вознемиреност, постојано плачење и слично.

Бременост

Социјализирајте се

Доколку имате сопруг или партнер кој ќе биде дел од вашиот и животот на вашето дете, вложете време и напор за да бидете сигурни дека вашата врска е стабилна. Секогаш зборувајте за вашите проблеми и побарајте помош секогаш кога ви е потребна.

Бременоста може да биде голем предизвик, особено ако се борите со утринска мачнина и слични потешкотии. Покрај партнерите, потпрете се на семејството и пријателите кои ќе можат да ве ислушат и да ви помогнат.

Вашето искуство можете да го споделите со други жени кои моментално го поминуваат истото. Курсевите за бременост и часовите за родители можат да бидат одличен начин да се информирате за оваа животна пресвртница. Сведете ја вашата самокритичност на минимум и одвојте време за себе секој ден.

бременост
Фото: Profimedia

Подгответе ги децата за доаѓање на новороденчето

Кажете им на децата дека и тие се важен дел од вашата бременост и дозволете им да помогнат во подготовката за доаѓањето на новиот член на семејството. Тие можат да избираат играчки, облека, да ја украсуваат просторијата или дури и да предложат име.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот