Менопауза и цветот на страста, пасифлора

Фото: Unsplash

Менопаузата е често поврзувана со чувство на генерална нервоза и депресија која многу често е предизвикана од ниските нивоа на аминокиселината ГАБА која е дел од комплексаната хемија која функционира во нашиот мозок.

Хормонската терапија на која модерната медицина се ослонува може да предизвика многу несакани ефекти. Спроведените истражувања покажаа дека овој чудесен цвет не само што може да ја контролира депресијата, туку исто така може да помогне во сите нус појави на самата менопауза.

Пасифлората помага со хормонските топли бранови кои се јавуваат како последица на дисбаланс на хормоните во телото, несоница, гнев, главоболки и можно е, зависно од симптомите кај индивидуата да биде соодветна замена за конвенционалната хормонска терапија.

Начинот на кој пасифлората помага во олеснување на овие симптоми, е преку директно и позитивно влијание на лачење на аминокиселината ГАБА. Кога нивоата на оваа аминокиселина се зголемени, таа помага во намалување на активноста на некои од мозочните клетки кои предизвикуваат депресија.

Алкалоидите кои се наоѓаат во овој цвет може да го превенираат производството на моноамин оксидазата, процес кој всушност повеќето од антидепресивите пробуваат да го индуцираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот