Мендух Тачи: Секој член на семејство треба да добие по 100 евра итна помош за надминување на последиците од кризата

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи вечерва оствари средби со граѓани во повеќе населени места во општина Брвеница. Тој порача дека е важно да се спроведат три големи мерки за надминување на состојбата со пандемијата по завршување на изборите.

-Мерки за справување со Ковид-19 се потребни во клиничката болница во Тетово која мора да добие барем 1 милион евра за да функционира како универзитетска клиничка болница и да го штити здравјето на Албанците. Секој член на семејство треба да добие по 100 евра итна помош за надминување на последиците од кризата. И трето, да се помогне секој од таксист и келнер, до големите бизнис, со помалку процедури, изјави Мендух Тачи во Челопек.

Тој истакна дека лесно е да се избере ДПА на изборите.

-Овие избори се важни, тоа е војна за слобода без оружје за рамноправност. Излезете од дома, понесете маска и пенкало, одете на избирачко место. Заокружете број 1 Мендух Тачи, Господ помогна да бидеме први на листата, истакна Тачи.

Пред присутните зборуваа и останатите кандидати за пратеници од општина Брвеница.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот