Менди обвинет за уште едно силување

Бенжаман Менди доби ново обвинување за силување/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Фудбалерот на Манчестер сити, Бенјамин Менди денеска заработи ново обвинување за силување.
Менди денеска се појави во судот во Честер каде сега има седум обвинувања за силување и едно за сексуален напад, пренесува Би-Би-Си.

Најновото обвинување е нова жртва, а нападот наводно се случил во јули годинава. Останатите обвинувања се однесуваат за периодот од октомври 2020 до август годинава.

Менди се наоѓа во притвор од 27 август, а судот во Честер во октомври го одби и неговото трето барање да биде пуштен на слобода со кауција. Манчестер сити по обвинувањата, веднаш го суспендира дефанзивецот.

Менди од 2017 година е член на Манчестер сити каде дојде од Монако и со „граѓаните“ освои три титули во Премиер лигата и два Лига Купа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот