Менди Мур и Тејлор Голдсмит станаа родители

Instagram

Пејачката и актерката позната по серијата „This Is Us“ во вторникот потврди дека таа и нејзиниот сопруг Тејлор Голдсмит станале родители за прв пат на синчето Аугуст Харисон.

Гус е тука“, со фотографија откри Мур, споделувајќи ја на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mandy Moore (@mandymooremm)

Нашето слатко момче, Аугуст Харисон Голдсмит. Тој беше точен и притстигна точно на предвидениот датум, на големо задоволство на неговите родители. Ние бевме подготвени да се вљубиме на сите можни нови начини, но ова ги надмина сите наши очекувања. М+Т“, напиша Менди во описот на фотографијата.

Веста за бременоста, Мур ја објави во септември минатата година. 35-годишната актерка и музичарка со Тејлор Голдсмит, музичар од американската фолк-рок група „Dawes“ се запознала на социјалната мрежа „Инстаграм“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mandy Moore (@mandymooremm)

Го сликав нивниот албум и го објавив на „Инстаграм“. Тејлор некако го видел тоа и ми испрати порака. Почнавме да разменуваме мејлови, потоа се видовме и сè друго историја“, изјави ѕвездата за списанието „People“ во 2007 година.

Мур беше во брак со музичарот Рајан Адамс од 2009 до 2016 година, а во 2019 го обвини за емоционално вознемирување и контрола за време на нивниот брак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mandy Moore (@mandymooremm)

Иако Адамс првично ги негираше обвинувањата, во 2020 година тој објави во отворено писмо до јавноста им се извини на жените кои наводно ги „малтретирал“.

По тоа извинување, Менди исто така се согласи, велејќи дека не се чула со него и дека не барала извинување, но тогаш изјави дека ѝ е навистина чудно како некој може да даде интервју за нешто, без всушност да го поправи во привантиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот