Мендеш во акција, го враќа Роналдо во Јунајтед

Португалецот шест години го носеше дресот на Манчестер јунајтед/ фото: EPA-EFE/FEDERICO PROIETTI

Екипата на Јувентус има лоша сезона за нивните стандарди, „старата дама“ испадна од Лигата на шампионите, а ќе остане и без титулата во Серија А што ќе значи крај на деветгодишната доминација во Италија.

На претседателот Андреа Ањели кој како главна цел ја означи титулата во ЛШ, не му помогна ниту Кристијано Роналдо. Португалецот ја игра третата сезона во Серија А, а според пишувањата на италијанските и англиските медиуми, најверојатно ова е негова последна во Јувентус.
Роналдо во Јувентус не ги задоволи своите амбиции и не успеа да го прекине „проклетството“ на италијанскиот тим во Лигата на шампионите, а наводно и самиот смета дека екипата не е доволно квалитетна за да го нападне трофејот.

Поради тоа, англичаните трвдат дека неговиот агент Жорге Мендеш се фрли на работа и веќе ги контактирал претставниците на Манчестер јунајтед.
Роналдо е подготвен дури и да се согласи за големо намалување на платата, која сега изнесува 31 милион евра, и само за да се врати на „Олд трафорд“ каде повторно ќе се бори за трофеите планира да игра за 15-16 милиони евра по сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот