Мендеш имал план да го врати Роналдо во Шпанија, но не во Реал Мадрид

Роналдо во финишот од летниот преоден рок потпиша за Манчестер јунајтед/Манчестер, Англија/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Во моментите кога очајно бараше начин како да замине од Јувентус и пред да потпише за Манчестер јунајтед, лесно можеше да се случи да се врати во Шпанија, но не во Реал Мадрид.

Шпанското радио Кадена СЕР открива дека Жорге Мендеш, агентот на Роналдо го понудил Португалецот на големиот ривал на Реал Мадрид, Атлетико.

Португалецот по неуспешната епизода во Јувентус каде не успеа да триумфира во Лигата на шампионите, а во минатата сезона ја загуби и титулата во Серија А, по секоја цена сакаше да си замине од Торино.

Постоеше опција Роналдо да се пресели во Манчестер сити, но во финишот од преодниот рок, Португалецот го избра Манчестерт јунајтед за кого настапуваше од 2003 до 2009 година.

Но, пред да се врати во Јунајтед, неговиот агент Жорге Мендеш се обидуваше да се договори со Атлетико Мадрид. Еден од најмоќните луѓе во светот на фудбалот имаше план Роналдо да се врати во Ла Лига и да му покаже да Реал Мадрид дека згрешил што го продаде во 2018 година.

Но, Атлетико Мадрид кој е еден од малкутемина клубови кои може да си дозволи да го купи Роналдо и да му даде голема плата, го одби предлогот на Мендеш.

Според радиото Кадена СЕР, челниците на Атлетико Мадрид ја отфрлиле идејата на Мендеш од две причини.
Едната е стравот, односно неизвесноста како тој потег би го примиле во Реал Мадрид, а втората причина е што сметаат дека Роналдо поради статусот на легенда на „кралскиот клуб“ не би бил добро прифатен кај навивачите на Атлетико.

Поради тоа, Кристијано Роналдо на крајот заврши во Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот