Менаџерот на Абердин е воодушевен од Миовски

Бојан Миовски му даде два гола на Хиберниан/фото: afc.co.uk

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски има фантастичен старт на сезоната во Абердин и на првите три официјални натпревари постигна три гола со што го импресионира менаџерот на шкотскиот премиерлигаш Џим Гудвин.

Миовски кој пред петнаесетина десетина дена пристигна во Абердин, во првиот натпревар за новиот тим постигна гол. Абердин славеше со 3:0 во Лига купот пртив Раит Роверс, а Миовски го отвори резултатот со голот од пенал во шестата минута.

Абердин вчера во рамки на второто коло од шкотската Премиер лига славеше со 4:1 против Сент Мирен, а Миовски ги постигна првите два гола на натпреварот.

Со одличните игри, Миовски го импресионира менаџерот на Абердин, Џим Гудвин.

– Миовски постигна два гола, но мора да признаеме дека тој сè уште не е ни приближно подготвен како што треба. Сега се наоѓа на 70-75% отсто од можностите, но станува сè подобар, неговото движење е одлично, добро се позиционира во простор, ќе има шанси и ќе постигнува голови. Верувам дека за неколку недели ќе го имаме најдобриот Миовски кој го посакуваме – изјави Гудвин за официјалната интернет страница на Абердин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот