Меморандум за подобрување на банкарските услуги преку е – трговија

Македонската банкарска асоцијација ќе работи на подобрување на банкарските услуги поврзани со е-трговија, унапредување на транспарентноста, безбедноста, брзината и квалитетот при извршување на услугите.

Македонската банкарска асоцијација и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија потпишаа Меморандум за соработка со кој се предвидува двете асоцијации да разменуваат информации од заеднички интерес, да споделуваат тековни и нови искуства, да креираат и земаат учество на настани од областа за е-трговија и да придонeсуваат за финансиска едукација и инклузија.

– Со потпишување на овој меморандум за соработка Македонската банкарска асоцијација ќе работи на подобрување на банкарските услуги поврзани со е-трговија, унапредување на транспарентноста, безбедноста, брзината и квалитетот при извршување на услугите и ќе се стремиме заеднички да придонесеме кон подигнување на нивото на едукација на клиентите и зголемено користење на платежните картички во секојдневието, вели претседателката на Македонската Банкарска Асоцијација, Стевкова Штериева.

Отвореноста за соработка на банките како значајна алка во синџирот на е-трговијата имајќи предвид дека само со заеднички пристап од сите засегнати страни може да се влијае кон подобрување на условите во кои работат е-трговците и ќе придонесе да се стекне довербата на онлајн купувачите.

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија се стреми кон инклузивна е-трговија, а преку потпишување низа меморандуми со засегнатите страни од областа, има за цел да креира иднина за раст на е-трговијата и успех во рамките на Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот