Мемфис Депај потпиша за Атлетико Мадрид до јуни 2025 година

фото: instagram.com/atleticodemadrid

Поранешниот фудбалер на Барселона, холандскиот репрезентативец Мемфис Депај е нов играч на Атлетико, соопшти денеска мадридскиот клуб.

По лекарските прегледи, Депај потпиша договор со „јорганџиите“ до јуни 2025 година. Барселона ќе добие надомест од три милиони евра.

Во соопштението на мадридскиот клуб се наведува дека Депај ќе биде претставен пред јавноста вечерва од 18.00 часот.

Пред Барселона, Депај (28) играше и за екипите на ПСВ Ајндховен, Манчестер јунајтед и Лион.

За најдобрата холандска репрезентација до сега запиша 86 натпревари и постигна 43 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот