Мелони критикувана бидејќи ја повела својата ќерка на Самитот на Г20

Џорџа Мелони/ Фото EPA-EFE/KHALED ELFIQI

Италијанската премиерка Џорџа Мелони одговори на критиките за тоа што ја повела својата шестгодишна ќерка на Самитот на Г20 на индонезискиот остров Бали.

Во објава на Фејсбук таа напиша дека по два дена „неуморна работа”, се соочила со „неверојатна дебата” за тоа дали било правилно што со себе ја повела својата ќерка и со неа било во текот на четири дена за време на средбата.

Италијанските медиуми претходно соопштија дека Мелони на Бали допатувала со својата ќерка и дадилката.

„Дали мислите дека е ваша работа како ќе ја воспитувам ќерка ми?”, реторички ги праша Мелони во својот пост „иницијаторите” на дискусијата, додавајќи дека одговорот е „не”.

Лидерката на радикалната десничарска партија „Браќа од Италија” истакнува дека има право да даде сè од себе за својата држава, без да ја лиши својата ќерка од мајка си

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот