Меланија Трамп знае како малиот црн фустан да го направи интересен (ФОТО)

Откако минатата недела со сопругот Доналд Трамп за првпат ја посети Индија, 49-годишната прва дама на Америка стана главна ѕвезда на годинешната церемонија на доделување на наградите Women of Courage.

Меланија Трамп на церемонијата одржа говор, по што учествуваше во доделувањето на наградите за 12 извонредни жени од целиот свет.

На свечената церемонија Меланија се појави во елегантен модел на црн фустан, а посебно внимание привлече со моделот на салонките.

Фустанот со потпис на луксузниот швајцарски бренд „Акрис“, Меланија го зачини со модел салонки од нејзиниот дизајнер на обувки Кристијан Лобутин. Моделот Pigalle се истакнува со шарен принт инспириран од модата од 80-те.

Цената на салонките е околу 800 евра, а во идентичен модел Меланија е видена на почетокот на јуни минатата година, на тридневната посета на Обединетото Кралство и Нормандија по повод 75-годишнината од денот Д.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот