Меланија Трамп за првпат се појави во јавноста по битката со коронавирусот и ги воодушеви присутните со елегантниот стајлинг! (ФОТО)

ЕПА

Првата дама на САД, Меланија Трамп, се појави на последната претседателската дебата, првпат во јавноста по веста дека има коронавирус на крајот на септември.

ЕПА

Таа и Доналд Трамп се појавија во Тенеси, каде се одржа третата дебата меѓу Трамп и неговиот противкандидат, демократот Џо Бајден, пренесува „Фокс њуз“.

ЕПА

Меланија го привлече вниманието кон себе носејќи црн фустан и црни салонки Лубутон кои се нејзин заштитен знак, но исто така таа ги следеше протоколите и за време на дебатата носеше црна заштитна маска.

ЕПА

Минатата недела беше објавено дека таа добила негативен коронавирус тест, но сепак избегнуваше да се појавува во јавноста, бидејќи се уште чувствувала последици од вирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот