Меланија Трамп на удар на јавноста поради редизајнот на култната Градина на розите на Џеки Кенеди (ФОТО)

Градината популарна наречена Градина на розите, која првично ја уредила Џеки Кенеди, неодамна беше редизајнирана според вкусот на актуелната прва дама, Меланија Трамп. Градината доби ново руво, но тоа не им се допадна на граѓаните на САД.

Кога во 1961 година, со помош на стручниот градинар Бани Мелоун, тогашната прва дама Џеки Кенеди ја уредила споредната градина на Белата куќа, народот бил воодушевен.

Нејзината разиграна комбинација на лалиња, рози, магнолии и јапонски цреши кои напролет изгледале нереално убаво, ја развеселиле нацијата.

Сега, по 59 години, Меланија Трамп одлучила да ја редизајнира култната Градина на розите и да ја прилагоди на својот стил.

Image

Image

Image

Image

Првата дама се пофали со финалниот резултат и новиот изглед на градината во претседателската резиденција, а не беше потребно долго за бројни граѓани да го изразат своето незадоволство.

Твитерџиите брзо почнаа да се потсмеваат на нејзиниот модел на градинарство и го споредија со уредувањето покрај паркиралиштата во градот, ѝ порачаа дека внела дух на стилот Трамп и дека градината е празна и студена.

„Меланија Трамп ја обликуваше Градината на розите според своето семејство – студено и празно“.
„Рајот го претвори во паркинг.“, се само некои од коментарите на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот