Меланија Трамп мета на критики по „морбидната“ роденденска честитка на синот Барон

epa-efe
epa07337281 US President Donald J. Trump (C) with First Lady Melania Trump (R) and their son Barron Trump (L) departs the White House en route to Florida on Marine One in Washington, DC, USA, 01 February 2019. EPA-EFE/OLIVIER DOULIERY

Уште пред да ја напушти Белата куќа, Меланија Трамп реши да се дистанцира од социјалните мрежи и медиумите, но сега направи мала отстапка споделувајќи еден особено важен настан.

Точно два месеци откако се пресели со своето семејство од Вашингтон и Белата куќа во Палм Бич, Флорида, Меланија Трамп „се врати“ на социјалните мрежи со посебна објава на својот твитер-профил.

epa-efe
EPA-EFE/Stefani Reynolds / POOL

Имено, на 20 март, нејзиниот син Барон го прослави својот 15 роденден, па гордата мајка реши да му го честита роденденот со два црни балони со броеви во знакот на годините на Барон, а во описот на фотографијата напиша само „Среќен роденден БВТ“. Имено, „БВТ“ се иницијалите на нејзиниот син Барон Вилијам Трамп. 

Иако нејзината објава за кратко време доби над 60 илјади лајкови, сепак на многумина воопшто не им се допадна изборот на честитката, па веднаш почнаа со критиките.

Голем број корисници на „Твитер“ почнаа да ја критикуваат Меланија прашувајќи се зошто одбрала на таков начин да му го честита роденденот на сопствениот син, зошто не нашла некоја посреќна фотографија, забележувајќи дека црните балони се „прилично морбидни“.

epa-efe
EPA-EFE/Zach Gibson / POOL

За разлика од нејзиниот сопруг Доналд Трамп, Меланија сè уште има пристап до социјалните мрежи и не ѝ е забрането да објавува.

Наскоро по напуштањето на Белата куќа, Меланија откри дека повторно ја отворила канцеларијата посветена на нејзините потфати, која во минатото се фокусираше на благосостојбата на децата, подигање на света за нацоионалната криза со опиоди, како и предупредување за „сајбер булинг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот