Меланија Трамп ја нападна професорката која се пошегувала на сметка на нејзиниот син Барон

profimedia

Првата дама на САД, Меланија Трамп, ја опоменала професорката, која во текот на сослушувањето во процесот на отповикување на Доналд Трамп, направила шега на сметка на името на нивниот син, Барон.

Професорката на универзитетот Стенфорд, Памела Карлан, во текот на сослушувањето ја истакнала разликата меѓу монархијата и демократските влади кога го спомнала синот на Трамп, правејќи шега за разликата меѓу претседателите и кралевите, пренесува Си-ен-ен.

EPA/ERIK S. LESSER

„Претседателот може својот син да го нарече Барон, но не може да го прогласи за барон“, рекла Карлан.

Меланија Трамп изреагирала на тоа, велејќи ѝ на професорката дека треба да се засрами поради таквата изјава.

„Малолетното дете заслужува приватност и треба да биде надвор од политика. Памела Карлан, треба да се засрамите од вашиот бес и очигледно пристрасното јавно користење на дете“, напиша Меланија Трамп на „Твитер“.

Памела Карлан се извинила и рекла дека згрешила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот