Меланија Трамп: Добро сум, ќе продолжам да се одмарам дома

Фото: Профимедиа

Првата дама на САД, Меланија Трамп, која е позитивна на коронавирусот, порача дека се чувствува добро и дека ќе продолжи да се одмара дома.

Таа на Твитер напишала дека е благодарна на медицинскиот персонал и негувателите, како и дека ќе продолжи да се моли за сите кои се погодени од вирусот.

Првата дама на САД се заблагодари на сите за поддршката и во името на својата фамилија.

Бидејќи беше тестирана позитивна на коронавирусот, Меланија Трамп остана да закрепнува дома, додека нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, се лекува во Воената болница Волтер Рид.

Таа претходно објави дека има благи симптоми и дека се надева дека набргу ќе закрепне.

Поради ризик да не го пренесе вирусот: Меланија нема да го посети Трамп во болница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот